Целта на Одделенскиот час/Животни вештини во VIодд е да се поттикне социјалниот развој на ученикот, способноста за тимска работа, основни животни вештини и соработката меѓу учениците во одделението.

Овие часови се оддржуваат еднаш неделно и се работи во рамките на предвидените содржини, а во согласност со Програма ги креира содржините на овие часови спрема потребите на ученикот како единка и одделението како целина.

Часот со класниот раководител е базиран врз основа на тематски области според кои секој наставник е должен во согласност со возраста и индивидуалните способности а и потреби на учениците да ги прилагоди наставните единици кои ги интегрира во своите месечни планови.

Некои од содржините на класниот час се:

  •  Безбедност на децата во сообраќајот
  •  Полицијата во служба на граѓаните
  •  Насилството како негативна друштвена појава
  •  Превенција и заштита на децата од опојни дроги и алкохол
  •  Безбедно користење на интернет и социјални мрежи
  •  Превенција и заштита на децата од трговија со луѓе
  •  Заштита од пожар
  •  Заштита од техничко технолошки опасности и природни непогоди.

За сите потребни материјали и информации може да се контактира на емаил или телефонскиот број со стручната служба на основното училиште кој е даден во опис на оваа веб платформа, или со одговорниот класен наставник.

Контакт на одговорен класен наставник: uranramadani23@gmail.com