Основното училиште ,,Јосип Броз – Тито” е воспитно- образовна институција која низ долгогодишната и творечка и креативна работа со учениците како и современиот воспитно- образовен пристап и однос кон работата и ученикот, обезбедува една пријатна средина, како за учење и подучување, така и за сигурен и безбеден интелектуално-емоционален развој на учениците.

  • Централната зграда на основното училиште се наоѓа во центарот на селото Жировница, а во склоп на училиштето работат и подрачните училишта во селата: Врбјане, Видуше (поради немање на ученици моментално не е во функција) и Сенце.
  • Наставата во училиштето е на Македонски и Албански наставен јазик. Во централното училиште во с. Жировница наставата е на Македонски наставен јазик, а додека во подрачните училишта во с. Врбјане и с. Сенце наставата е на Албански наставен јазик.

Историја на Училиштето – училиштето во с. Жировница својата воспитно-образовна дејност на Македонски наставен јазик ја започнува веднаш по завршувањето на Втората светска војна во далечната 1945 година. Во почетокот наставата се одвивала само од I до IV одделение.

Во учебната 1957/58 за прв пат во училиштето почнало да се изведува настава во V одделение, а во учебната 1960/61 завршила првата генерација ученици од VIII одделение.

Денес ОOУ ,,Јосип Броз – Тито” с. Жировница е модерна воспитно-образовна институција, која ги задоволува потребите на учениците, наставниците и родителите.

Мисија и визија

Мисија

Нашето училиште обезбедува образование кое овозможува вкучување на сите ученици во современа настава, која поттикнува човечки вредности.

Визија

Нашето училиште, пријатна и интересна средина каде што сите ученици ќе се чувствуваат сигурно, а современата настава ќе овозможи учење и воспитување во духот на взаемно почитување меѓу сите етникуми во кои ќе се задоволат потребите на учениците, наставниците и родителите.