Основен хемиски прибор
На фотографиите е прикажан основен прибор кој се користи во наставата по хемија. Учениците имаа можност да го видат приборот во живо и да слушнат објаснување за неговата намена и правилна употреба.
Меѓу прикажаните предмети се мензура, епрувети, инка, држач за епрувети и други садови потребни за изведување едноставни експерименти.
Дополнително, направен е краток практичен приказ за формирање раствори, кои подоцна ќе бидат искористени во постапката на филтрација со филтер-хартија, со што учениците ќе го поврзат теоретското знаење со практичната примена.

Наставник: Уран Рамадани

Наставник: Уран Рамадани