Во рамки на часовите по природни науки, со учениците од 5 одделение реализиравме интерактивна групна активност за препознавање и идентификација на различни видови карпи. Учениците работеа во мала група, при што добија сет од различни примероци на карпи – магматски (како базалт), седиментни, и метаморфни.
Секој примерок беше обележан со број или симбол, а учениците врз основа на набљудување, допир, боја, структура и информации од учебникот, требаше да одредат на кој тип карпа најмногу ѝ одговара.
Во текот на активноста учениците дискутираа, споредуваа и ги запишуваа своите забелешки во тетратките. На крајот секоја група ги претстави своите заклучоци и ги објасни причините за кои смета дека одреден камен припаѓа на даден тип карпа.
Целта на активноста беше да се поттикне соработката, набљудувањето и практичното учење, како и да се развие способноста за применување на научните поими во реални примери.
Наставник: Уран Рамадани
Галерија на слики во прилог.














