Белата сончева светлина не е составена од една боја, туку од повеќе различни бои. Кога таа поминува низ призма, се случува дисперзија на светлина, при што светлината се разложува на спектар од седум бои: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, индиго и виолетова. Овој експеримент ни овозможува јасно да видиме како се формира виножито и подобро да ја разбереме природата на светлината.

Експериментот го изработивме во школски услови, користејќи сончев зрак кој го насочивме низ стаклена призма. Призмата беше поставена така што светлината да паѓа под одреден агол врз неа, а резултатот го набљудувавме заеднички. Во прилог се прикажани и слики од изведениот експеримент.

При изведувањето забележавме дека при различен агол на упад на светлината се менува и начинот на разложување, односно ширината и јасноста на спектарот. Ова покажува дека аголот на упад има влијание врз рефракцијата и интензитетот на дисперзијата. На овој начин подобро ја разбравме врската помеѓу светлината, призмата и појавата на виножито.

Наставник: Уран Рамадани

Експеримент виножито