📢 ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

ООУ „Јосип Броз Тито“ – с. Жировница ги известува родителите дека започнува запишувањето на ученици во прво одделение за учебната 2026/2027 година.

Право на запишување имаат:

  • Сите деца родени во 2020 година (кои до крајот на 2026 година ќе наполнат 6 години)
  • Деца родени до 31.01.2027 година, по барање на родител и добиено мислење од стручната служба

📄 Потребни документи:

  1. Извод од матична книга на родени (фотокопија)
  2. Лична карта од родител/старател
  3. Потврда за примени задолжителни вакцини
  4. Потврда од стоматолог
  5. Потврда од офталмолог
  6. (Доколку е потребно) мислење од соодветнiа комисија
  7. Запишување според реон на живеење

📅 Запишувањето ќе се врши во текот на месец мај, со претходно договорен термин.

📞 Контакт лица:

  • Слаѓана Симуновска – педагог (071 343 555)
  • Минела Исмаили Хоџа – наставник
  • Хасип Рашити – наставник

В.Д. Директор: Насер Ејупи