Почитувани,
Согласно најновите случувања и препораки од надлежните институции во Република Северна Македонија, а со цел зајакнување на безбедноста, редот и дисциплината во училиштата, се воведува засилена законска мерка за организирање и спроведување на дежурства на наставниот кадар.
Во таа насока, ве известуваме дека во ООУ „Јосип Броз Тито“ с. Жировница се воспоставува нов распоред на дежурства на наставниците, кој ќе се реализира според однапред утврден план кој е достапен подоле со слики во прилог. Дежурствата ќе се извршуваат пред почетокот на наставата, за време на одморите и по завршувањето на наставните активности.
Оваа мерка има за цел:
- Подобрување на општата безбедност на учениците;
- Навремено реагирање при евентуални несакани ситуации;
- Подигнување на дисциплината во училишниот простор;
- Создавање позитивна и безбедна училишна средина.
Распоредот на дежурства е јавно истакнат на видно место во училиштето, како и доставен до сите вработени и јавно достапен на оваа веб страна. Секој наставник е должен да го почитува утврдениот распоред и одговорно да ги извршува своите обврски.
Во прилог на ова известување се доставуваат фотографии од распоредот на дежурства од ООУ „Јосип Броз Тито“ с. Жировница, со цел подобра визуелизација на училишниот простор каде што ќе се спроведуваат дежурствата.
Ве молиме за целосна соработка и придржување кон новите мерки.
Со почит
Директор: Насер Ејупи





