Во духот на есента и со цел да се поттикне креативноста и заедништвото кај учениците, денеска во нашето училиште се одржа Есенски детски пазар.
Учениците од I до V одделение, со помош на своите наставници и родители, подготвија разновидни производи — домашна зимница, овошје, зеленчук, печива и рачно изработени украси со есенски мотиви.
Настанот беше вистинска можност децата да ги покажат своите вештини, труд и креативност, а истовремено да научат за важноста на трудот, соработката и заедничкото учество во училишните активности.
Голема благодарност до сите ученици, родители и наставници кои се вклучија во организацијата и поддршката на овој настан. Пазарот помина во пријатна и весела атмосфера, исполнета со детска радост, насмевки и дружење. 🍂
Во прилог се прикачени дел од сликите.











