04.02.2020 Одобрување на проект за меѓуетничка соработка финансиран од министерството за образование
- По објавениот повик за доделување на грант од МОН за развојот на меѓуетничките односи, нашето училиште конкурираше на истиот, а нашата апликација беше прифатена. Во следниот период ќе се спроведуваат online активности за зајакнување и почитување на разликите, градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со еднакви права за сите. За повеќе информации во врска со повикот и целите кои треба да се остварат кликнете тука.
На ден 29.03.2021 година беа успешно завршени и презентирани активностите по повод ученичка иницијатива наречена “Отворен ден на училиштето” на која активно учество зедоа учениците, наставниците, советник од БРО, како и представници на МЦГО за што им изразуваме голема благодарност.
Во делот назначен како “Ученички иницијативи” може да ги прегледате дел од активностите преку слики од презентациите и самите ученици.