Хемијата претставува природна и експериментална наука која што се занимава со проучување на својствата и структурата на материјата, промените кои се случуваат и настануваат при одвивање на хемиски реакции, ги проучува различните типови на атоми, молекули, кристали и други типови изолирани агрегати или во меѓусебни интеракции кои во себе ги вклучуваат концептите за енергија и ентропија во хемиски процеси.
Во овој дел по предметот хемија од оваа целокупна веб страна (онлајн платформа) која ја поседува основното училиште “Јосип Броз Тито” во с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, ќе бидат документирани дел од потребните активности и додатни работи кои ќе се одвиваат по наставниот предмет хемија, тие додатни работи ќе се состојат од кратки видеа, слики, документи од Microsoft Office кои пред се ќе бидат од корист за учениците од основното училиште “Јосип Броз Тито” во с.Жировница, но и за други ученици од други училишта кои што сметаат дека ќе имаат потреба од нашите материјали.
За сите други потребни материјали и информации може да се контактира на емаил или телефонскиот број со стручната служба на основното училиште кој е даден во опис на оваа веб платформа, или со предметниот наставник.
Контакт на предметен наставник: uranramadani23@gmail.com
Реакција на горење и поставена опрема ѕа процес на филтрација преку семипермеабилна филтерна мембрана (хартија) Процес на филтрација преку семипермеабилна мембрана (хартија) Дел од хемиска опрема (ерлермаер, епрувети, штипка, лакмусова хартија, мензура) за изведување на хемиски експерименти 3Д форми на хемиски формули 3Д форми на хемиски формули и мензура со течности со различна густина Епрувети полни со раствор со различна концентрација и различна обоеност Реакција на горење и процес на филтрација преку семипермеабилна мембрана (Хартија) Мензура со талог во раствор како производ на добиена хемиска реакција
Видеа од хемиски експерименти изработени во нашето училиште