Денес во училишната библиотека организиравме креативна литературна и ликовна работилница.
Оваа работилница ја спроведоа Илмија Шабани (библиотекар), Рамазан Раманоски (наставник по македонски јазик и литература) и одделенските наставнички Зорица Стојковска и Минела Исмаили Хоџа.
Имено, учениците од прво и трето одделение се запознаа со начинот на работењето и функционирањето на библиотеката и дознаа зошто се одбележува Месецот на книгата.
Учениците читаа македонска литература за деца.
Исто така, наставниците на ученицоте им читаа басни а тие изработуваа ликовни творби онака како што ја доживуваат и замислуваат басната.
Сите ученици кои учествуваа во работилницата добија подароци книги.