Во рамките на часот по физика, учениците од IX одделение реализираа практична активност за одредување на густината на предмет со неправилна форма.

Учениците работеа со камен како предмет со неправилна форма. Најпрво ја измерија неговата маса со вага, а потоа го измерија волуменот на водата во лабораториска чаша со гравирана скала за волумен. Каменот внимателно беше потопен во водата, при што учениците ја забележаа промената на волуменот. Разликата меѓу почетниот и конечниот волумен го даде волуменот на каменот.

Со примена на формулата:

ρ = m / V

учениците ја пресметаа густината на каменот и практично се запознаа со Архимедовата метода за определување волумен и густина на предмети со неправилна форма.

🔬 Преку оваа активност учениците имаа можност знаењето од теоријата да го применат во практична работа, да мерат, пресметуваат и донесуваат заклучоци врз основа на добиените резултати.

Слики во прилог

Наставник: Уран Рамадани
Предмет: Физика – IX одделение