Од летните активности на ООУ ,,Јосип Броз Тито’’ – Жировница
Во периодот од 4. 7. 2021 – 10. 7. 2021, нашата ученичка Суела Таири, заедно со наставникот по македонски јазик, Рамазан Раманоски, учествуваа на книжевниот камп ,,Да бидам, да бидам…‘‘ кој се одржуваше во Детското одморалиште ,,Радости‘‘ – Охрид во организација на Сојузот за грижи и воспитување на деца.
Кампот започна со неформално обраќање на неговиот домаќин, најпознатиот македонски писател за деца и младинци, Горјан Петревски. Во рамки на кампот беа одржани и неколку книжевни работилници, на кои меѓу други учествуваа и универзитетскиот професор Јованка Денкова, професорот и автор на книгата ,,Записите на учителот‘‘, Влатко Стојковски, младите поетеси Сара Марковска и Матеа Стоев, и многу други писатели и поети.
Освен работилници, за учесниците на кампот беа организирани и факултативни посети на Струга, Вевчани и Охрид.
Ние како училиште за првпат земавме учество на настан од ваков тип. И ученичката и наставникот стекнаа нови искуства и се вратија со сертификати и благодарници за учество.
Ученичката имаше можност да ги запознае своите врсници од најразлични училиштa во државава и имаше можност со нив да другарува и да твори.
Исто така во месец август, нашата ученичка Суела Таири освои прво место на литературен конкурс во организација на граѓанската организација ,,Икре‘‘ на тема ,,Ислам‘‘.
Дел од сликите кои беа направени за време на летниот книжевен камп заедно со дел од сертификатите ќе бидат споделени во овој документ тука.