Почитувани, во нашето училиште (на ден 18.02.2021) беше спроведена и успешно завршена обука -дисеминација за КРРП (критичко размислување и решавање проблеми) и Основни вештини за кодирање и дигитализација во наставата со помош на микробит за полесно изведување на интерактивна настава. Обуката беше изведена од страна на обучувачите и со надгледност од страна на директорот на училиштето, на обуката присуствуваа колегите кои што се вработени во училиштето. Во иднина ќе биде извршена истата обука и на учениците кои ќе бидат дел од тимот за кодирање со микробит. За секоја нова активност која ќе биде извршена ќе има информации и слики на оваа официјална web страна, и на официјалната Facebook страна од училиштето.
Во текот на месеците април и март нашето училиште заедно со менторите на овој проект со микробит назначен како “Микробит – аларм за пожар”, започнаа и ги завршија подготовките заедно со учениците кои се дел од клубот за кодирање со микробит. Во прилог се прикачени дел од сликите додека траеше кодирањето и севкупната подготовка за овој проект.
Изработен код за проектот “Микробит-аларм за пожар”
Изработен код за проектот “Микробит-аларм за пожар” заедно со дел од апаратурата која е потребна за да е комплетен целиот хардвер и софтвер на целиот проект.

Директорот на училиштето Анес Ахмети заедно со дел од претставниците и соработниците во проектот “Микробит-аларм за пожар”
На ден 28.04.2021 беше завршен проектот назначен како “Микробит-аларм за пожар”, во прилог може да погледнете дел од сликите во време на изведување на проектот.