Почитувани, во нашето училиште (на ден 18.02.2021) беше спроведена и успешно завршена обука -дисеминација за КРРП (критичко размислување и решавање проблеми) и Основни вештини за кодирање и дигитализација во наставата со помош на микробит за полесно изведување на интерактивна настава. Обуката беше изведена од страна на обучувачите и со надгледност од страна на директорот на училиштето, на обуката присуствуваа колегите кои што се вработени во училиштето.
Во иднина ќе биде извршена истата обука и на учениците кои ќе бидат дел од тимот за кодирање со микробит.
За секоја нова активност која ќе биде извршена ќе има информации и слики на оваа официјална web страна, и на официјалната Facebook страна од училиштето.