На ден 18. 9. 2021 година, во Ресен се одржа втората по ред поетска манифестација ,,Детски гласови 2021″. На оваа манифестација и ние како училиште земавме учество. Бениса Зеќири, Суела Таири и Ердал Беќири беа ученици кои присуствуваа на манифестацијата придружувани од наставникот по македонски јазик, Рамазан Раманоски и наставникот по Географија, Емир Емрулаи. Почетокот на манифестацијата започна со неформално обраќање на претседателот на здружението за Граѓанска иницијатива ,,Жар Преспа” – Даринка Веслиевска, во фирмата Spirit of Prespa. Остатокот од манифестацијата се одржа во спортската сала во Ресен.Тука, учесниците имаа можност меѓусебно да се запознаат, потоа, ја предаваа ,,Штафетата на мирот”, испраќаа пораки за мир во светот и други активности. Нашата поетеса Бениса Зеќири со песната ,Далечина” го освои првото место за најубава родољубива песна и со тоа предизвика огромни овации пред огромната публика. Суела Таири освои благодарница за учество со нејзината песна ,,Татковина”. Песните ,,Далечина” и ,,Татковина” се наоѓаат и во збирката со детски творби ,,Детски гласови”.Горди на нашите ученици, им честитаме!