Почитувани, ни претставува чест и огромно задоволство да ви ја претставиме оваа убава вест.
Низ призмата на нашите проекти кои во текот на претходната учебна година успешно ги реализиравме, од особена важност ни претставува тоа што во низата на успешно реализирани проекти веќе вброивме уште еден успешно реализиран проект.
Проектот  ”Ученички иницијативи – Отворен ден на училиштето,, кој го работевме во текот на учебната 2020/21 година, активно имаа учество дел од колегите како предводници/ментори на овој проект, дел како помошници, но како главен фактор беа учениците.
Бирото за развој на образование (БРО) го препозна трудот на нашите ученици и наставници и за таа цел нашето училиште е едно од неколкуте училишта на кои им е доделена награда за успешно реализиран проект каде што неуморно се слуша гласот на учениците.
Голема благодарност до стручната служба на училиштето, директорот Анес Ахмети, наставникот Уран Рамадани и наставниците Емир Емрулаи и Зорица Стојкоска.

Добиената награда – лаптоп, проектор и останати работи ќе останат во училиштето и ќе служат како алатки кои ќе го разубават начинот на учење и водење на наставата во нашето училиште.
Заеднички до нови успеси!

Со почит.