На 17.09.2021 година во нашето училиште се одржа кративна работилница т.н ,,Библиотека на тркала”.
Регионалната мрежа за културна разновидност (READ) е четиригодишен регионален културен проект имплементиран од Гете-институт Скопје заедно со организациските партнери: Центар за балканска соработка – Лоја (Северна Македонија), Instituti I Librit и i Promocionit (Албанија), Асоцијација за култура Калем (Турција), Крокодил (Србија), Ќендра Мултимедија.
На оваа работилница, нашите ученици имаа можност да се запознаат со врвни дела од домашната литература но, исто така, учениците се запознаа со класиците од албанската и турската книжевност.
Учениците презентираа дел и од своите творби кои, на никого не го оставија рамнодушен.
Се разбира, ова е само почеток на една голема соработка. Во иднина преку овој проект, нашите ученици ќе можат да ги промовираат своите таленти и вештини на една поголема сцена.

Во продолжение на овој текст ќе бидат прикажани мал дел од активностите кои се одвиваа во текот на денешниот ден.