За наставниот предмет македонски јазик

,,Јазикот е нашето најголемо богатство‘‘ – рекол големиот Блаже Конески. И, навистина е така. Кои сме ние без нашиот јазик, без да го изучиме неговото ,,раѓање‘‘, неговиот историски развиток и неговата денешна стандардна форма?

Учениците во ОУ ,,Јосип Броз Тито‘‘ – Жировница ја имаат таа можност, македонскиот јазик да го запознаат одблиску односно, да ја запознаат неговата граматичка и лексичка структура, да ја запознаат неговата книжевна историја, неговите кодификатори и дејци кои дале огромен придонес македонскиот јазик денес да изгледа вака. Во состав на наставниот предмет македонски јазик функционираат литературната и драмската секција.

Во овие секции учесниците ќе можат да пишуваат и креираат свои творби, да ги реализираат своите идеи и замисли поврзани со пишаниот збор, да го ,,разбудат‘‘ и надоградат својот талент кон писателството, глумата и театарот, па и да заземаат учество во најразлични литературни конкурси и културни манифестации.

На он лајн платформата на училиштето ОУ ,,Јосип Броз Тито‘‘ – Жировница ќе бидат прикачени и документирани наставните содржини и додатен материјал за работа, кои на учениците ќе им овозможат брз и лесен пристап до сите информации за квалитетно образование.

Сепак, за повеќе информации и новости може да ја контактирате стручната служба на училиштето, да ја посетите он лајн платформата (o.u.zirovnica@gmail.com) или предметниот наставник.

Предметен наставник:

Рамазан Раманоски

e-mail: ramanoski-rame@outlook.com


Во ова поле ќе бидат доставувани сите известувања и линкови за потребни документи.